Грешки во сексот кои мажите не можат да ги простат

Без разлика дали до сега сте биле со десетина, двајца или ниту еден маж, некои работи за сексот мора да ги знаете. Едукацијата која што се однесува на сексуалниот живот треба да почне и пред да постанете сексуално активни, бидејќи тие работи ви помагаат да го чувате сопственото здравје, но и повеќе да уживате во игрите кои претстојат.

Меѓутоа неретко се случува жените да не ги знаат основните работи кои се однесуваат на сексот и сексуалното задоволување во кревет што иритира многу мажи. Никој не очекува веднаш да знаете се и сешто, но некои работи се подразбираат и незнаењето може само да придонесе партнерот да го изгуби интересот за вас. Обидете се овие грешки, да не ги правите во кревет

Во сексот нема филозофија

Ако за време на сексот имате долг јазик, а темите ви се главно филозофски, за мажите нема ништо полошо. Се знае за што се зборува кога се случува акција во кревет, доаѓаат предвид само секси приказни кои можат да го возбудат.

Зборувајте

Ако не ви се допаѓа тоа што го прави, подобро кажете му, доколку сакате да си го подобрите уживањето како сопственото така и неговото.

Не сте порно актерка

Ако мислите дека со тоа што ќе викате ќе бидете како актерка од порно филмовите, размислете уште еднаш. Мажите сакаат кога жените уживаат, но премногу викање не дејствува уверливо. Не глумете, испуштајте звуци од чисто задоволство.

Оралниот секс не можете да го избегнете

Од орален секс ви се гади, но на мажите им се гади од таквото размислување. Тие не можат да веруваат дека се уште постојат жени во 21 век кои мислат дека оралниот секс е перверзија. Тие на тоа гледаат како можност жената да го задоволи мажот, а тој ужива во тоа.

Молењето не е добро

Ако сакате да ве молат, мажите тоа не го сакаат. Посебно не сакаат кога ги присилувате да молат за секс. Тоа е сигурен знак дека ќе го побараат на некое друго место. Покажете му дека посакувате, не очекувајте секогаш тој да презема иницијатива.