Актуелни сте на социјалните мрежи? Во тој случај треба да знаете дека овие грешки на социјалните мрежи не ви се простуваат, а некои од нив може да ви ја уништат и кариерата.
Социјалните мрежи може да ви донесат голема корист и да ви помогнат во развојот на личната кариера, доколку ги користите на вистинскиот начин…
Во добата на личното брендирање, границата помеѓу она што е прифатливо и она што не е прифатливо за објавување на социјалните мрежи е помалку матна. Изградбата на сопствениот брен и издигнувањето на кариерата денес е поедноставно од било кога, особено со алатките како што се Линкедлн, Твитер, Инстаграм и Фејсбук, ако ги користите правилно.
Еве некои грешки на социјалните мрежи што не се дозволени.
Да се жалите на работата, колегите или претпоставените
Иако ова не ви делува како некоја голема мудрост, да се жалите и да споделувате негативни реакции во врска со моменталното работно место, вработените или соработниците е прва и основна грешка што можете да ја направите. Немојте ниту да се сомневате дека идните (но и сегашните) работодавачи ќе „кренат црвено знаме“ на било кој лош коментар што ќе го воочат на вашите профили на социјалните мрежи. Дури и коментарот од типот: ме плаши одењето во канцеларија или на работа ми е здодевно е лош начин да се претставите и да се брендирате себе си на било кое работно место.
Дa споделувате премногу информации
Треба да знаете каде да повлечете граница помеѓу вашиот приватен и дигитален живот. Статусот на вашата врска, личните проблеми и вишокот информации за вас, подобро е да ги оставите за приватен разговор отколку тие лични работи да бидат поврзани со вашите лични професионални карактеристики на мрежата.
Не би требало да ги поставувате сите фотографии од ноќните зaбави
Нема ништо лошо во тоа да поставите забавна фотографија од забавата од минатата ноќ со пријателите. Сепак кога вашите профили на социјалните мрежи почнуваат да личат на склоп од сцени од филмот „The Hangover“, тогаш веќе имате проблем. Ваквите фотографии ќе ги одбијат потенцијалните и идните работодавачи и иако вие мислите дека тоа само ја претставува добрата забава, не сакате да ве посматраат како кандидат за работа што е „манијак за забава“.
Впуштање во контроверзни разговори
Во ред е да го искажете вашето мислење, но би било добро да се држите настрана од темите или вестите што се контроверзни – на пример од темите што се однесуваат на религијата, расата, политиката. Доколку вашето мислење би можело да биде навредливо, би било добро да не го пренесувате и да не го ширите на интернет. Контроверзните изјави се лош сигнал за идните работодавачи и може да ве чинат разговор за работата од соништата.
Говор полн со осудувања
Можеби ви делува примамливо активно и постојано да се жалите на социјалните мрежи, но, не би сакале негативните страни на вашата онлајн личност да преовладуваат над позитивните. Држете ги вашите емоции под контрола, длабоко вдишете и размислете пред да испратите некои лоши вибрации што би можеле лошо да се одразат на вашата иднина.
Агресивно бизнис вмрежување поради бизнис разговор
Дел од социјалните мрежи се одлични алатки за бизнис вмрежување со другите експерти од вашата област, но постои и голема разлика помеѓу бизнис вмрежувањето и вознемирувањето. Постојаното испраќање пораки или барања за работа на потенцијалните работодавачи, преку социјалните мрежи, нема да ви донесе ново работно место, туку ќе делува мошне непрофесионално. Користете ги социјалните мрежи и побарајте совет или започнете конверзација, а да не молите за работа.
Упатување на незаконски активности
Уште една, не толку голема мудрост, без разлика дали се работи за фотографија или не (шегите и вицовите исто така се подразбираат) – било што што не би рекле пред полиција, не би требало да се најде ниту на социјалните мрежи. Сметајте дека тоа е најбрз начин да ја саботирате вашата кариера и вашиот личен бренд.