![Greta Tinberg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/Greta-Tinberg.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Шведската полиција во вторникот физички ја отстрани Грета Тунберг и другите климатски активисти кои втор ден по ред го блокираа влезот на парламентот.
Двајца полицајци ја собрале Тунберг и ја одвлекле на 20 метри од вратата кон која го попречувала приодот, каде што ја спуштиле на земја.
Тунберг и десетици други еколошки активисти во понеделникот почнаа да ги блокираат главните влезови на шведскиот парламент во знак на протест против ефектите од климатските промени и „политичката неактивност“.
Активистите се разотидоа во понеделникот попладне, но се вратија на протести во вторник наутро.
Сеа 21-годишната Тунберг стана заштитно лице на младите активисти за климата, бидејќи нејзините протести еднаш седмично, кои започнаа во 2018 година пред шведскиот парламент со голема медиумска и поддршка од невладините активистички организации, брзо прераснаа во глобално младинско движење со големи собири на повеќе континенти.
Минатата година Тунберг беше приведувана или отстранувана од протестите во различни земји, вклучувајќи ги Шведска, Норвешка и Германија. Минатиот месец британскиот суд ја ослободи од обвиненијата за прекршок против јавниот ред и мир. Судијата пресуди дека полицијата нема овластување да ја уапси, како што направија другите демонстранти во Лондон минатата година.