Во шумските пожари оваа година спалена е рекордна површина на шумско и степско земјиште во Русија, простој кој одговара на големината на половина Германија, иобјави организацијата за заштита на природната средина Greenpeace.
Во организацијата проценуваат дека врз основа на саателитските податоци изгореле повеќе од 17,6 милиони хектари, со што е надминат претходниот црн рекорд од 16 милиони хектари во 2016 година.
Во поментов сѐ уште горат над 250.00 хектари земјиште, според руската воздушна служба за заштита на шумите.
Григориј Куксин, од руската филијала на Гринпис, за германската новинска агенција DPA изјавил дека не се гледа крајот на годинешната сезона на шумски пожари, која ја засилуваат топлите и сушни услови за кои научниците тврдат дека се јасен резултат на климатските промени.
Ддоава и дека пожарите и натаму пустошат во областа на рускиот југ, додека многу пожари кои ова лето пеплосале огромни простори на Сибир се изгаснате, делумно и поради тоа што во некои делови почнало да снежи.
Најтешко погодина област се ретко населените области на република Јакутија, на истокот на Сибир, повеќе од 4.000 километри од Москва. Пожарите се толку распространети, што со нив се погодени дури и населението на кои тие директно не му се закануваат, бидејќи со чадот се зафатени стотици села и десетици градови ширум Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна во врска со големите шумски пожари рече дека димензиите на вакците природни катастрофи се без преседан.