Грипот коси во Калифорнија, досега 42 починати

Сезоната на грипот во американската сојузна држава Калифорнија само што зема замав, а од болеста досега веќе починаа 42 луѓе, соопштија во саботата локалните власти.

Првите смртни случаи се регистрирани во октомври, кога официјално започнува сезоната на грипот во Калифорнија. Таа трае до мај и вообичаено својата кулминација ја има во февруари.

Повозрасните луѓе имаа поголеми шански за развој на сериозни компликации, како што е воспаление на белите дробови, откако ќе се заразат со грипот. Околу половината од починатите се повозрасни од 65 години, според податоците на калифорниските здравствени власти.

Во Калифорнија, и воопшто во САД, преовладуда сојот на грипот H1N1, познат како „свински грип“. На национално ниво, 77 отсто од случаите досега биле позитивни на H1N1, соопшти Центарот за контрола и превенција на болестите. Овој сој грип е најопасен за децата и бремените жени, предупреди шефот на службата за итна помош во Лос Анџеелс, Џефри Ганзенхауер. Додаде дека на подрачјето на Лос Анџелес досега од грипот починале десет луѓе.

Здравствените работници истакнуваат дека оваа сезона на грипот ќе биде поблага од претходната, кога во САД преовладуваше смртоносниот сој на грипот H3N2. Тогаш бројот на болните беше толку голем што болниците беа претрупани со пациенти и остануваа без лекови. Забележан беше најголемиот број смртни случаи во историјата на САД, веднаш зад пандемијата од „шпанскито грип“ кој во 1918 година усмрти илјадници луѓе.