Грипот почна да зема замав. Минатата недела институтот за јавно здравје регистрирал над 1000 заболени од кои најголем број се од Западна Македонија. Емидемиолозите велат дека со враќањето на учениците во училишните клупи нагло се зголемил и бројот на грипозни. Уверуваат дека засега состојбата не е алармантна а пикот го очекуваат кон средината на месецот, јавува Сител.
-Во државата имаме конгломерација на деца во училишта и градинки каде просториите ретко се проветруваат и многу лесно доаѓа до ширење на респираторни инфекции. Мој предлог е почесто да се проветруваат, болните деца да седат дома за да нема ширење на грипот, топли наитоци и витамин ц и микако антибиотици на своја рака, вели Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ.
Паралелно со ширење на грипот, расте и бројот на заболени од морбили. По двата случаи од почетокот на јануари, минатата недела уште кај едно дете биле регистрирани мали сипаници а едно е сомнително, но се уште без лабораториска потврда. Сите заболени биле во роднинска врска.
-Ако мислевме дека минатата година ја завршивме со дваесетина случаи, сега, гледаме дека морбилите се уште ги имаме во државата, вели Караџовски.
Епидемиолозите со предупредување и апел до родителите дека имунизацијата е единствената заштита од ова опасно заразно заболување.