Грижата за најмладите, децата и учениците воопшто не е приоритет за Власта на СДСМ и Зоран Заев. СДСМ и градоначалникот на општина Ново Село, Никола Атанасов не работат за да обезбедат квалитетно образование, здрава млада популација, развој на спортот, место и можност за дружба на сите генерации како и можност за создавање потенцијални спортисти.
Дали за градоначалникот Атанасов обезбедување услови за квалитетно образование користејќи ја спортската инфраструктура за учениците значи тоталната негрижа за спортската сала „Христо Татарчев“ која се распаѓа?
Зошто се дозволи да прекине организирањето спортски игри помеѓу училиштата?
До каде е аплицирањето за санација на спортската сала преку Бирото за регионален развој?
Вие дозволивте истата да се уништува, па со кое лице ќе барате од Владата нова спортска сала во ООУ „Видое Подгорец“, во Колешино?
Како сега ќе им објасните на учениците и младите, а особено на младите кои стоеја зад вас со верба во маичките Заедно напред?
Да е уште потрагично Владата со ребалансот на буџетот на учениците и младите им крати 6.000.000 денари помалку за изградба на спортски сали во основните училишта, крати 39.300.000 денари за спортски објекти и крати 41.500.000 денари за спорт.
Спортската сала „Христо Татарчев“ како мултифункционална и комплетно опремена беше одличен пример како ВМРО-ДПМНЕ вложуваше во спортската инфраструктура и крупни инвестиции во општина Ново Село, но за жал за власта на СДСМ тоа е тешко за одржување, а да не зборуваме за нови проекти и инвестиции. Напишаа од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.