Грижата за здравјето на моите сограѓани е приоритет- продолжува перењето на улиците во Кисела Вода, вели Ѓоргиевски

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Грижата за здравјето на моите сограѓани е приоритет – продолжува перењето на улиците во Кисела Вода!, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

-Продолжува перењето на улиците во Кисела Вода, ефикасна и потребна мерка за одржување на чистотата и хигиената, заштита на здравјето на мојот народ и подобрување на квалитетот на животот во нашите населби и населени места.
Ова не само што придонесува за поубав изглед на урбаните средини, туку и го намалува ризикот од респираторни заболувања предизвикани од вдишување на прашина и други алергени. Особено важно е за заштита на здравјето на најранливите категории на населението, како што се децата и постарите лица. Покрај тоа, цистерните со вода го разладуваат асфалтот, што е посебно важно во овој период кога температурата секојдневно надминува 40 степени. Одржувањето на хигиената е поставено високо во мојата стратегија на делување и ваквите и слични мерки ќе продолжат и во наредниот период.