Гризли уби двајца излетници во канадска Алберта

Гризли нападна и уби две лица во Националниот парк Банф во канадската покраина Алберта, објави канадската служба за национални паркови.

Службата објави дека во петокот вечерта било примено предупредување од ГПС уред што укажува на напад на мечка во долината на реката Црвениот елен во националниот парк Банф. Жртвите биле брачна двојка од Канада и нивното куче. Мечката била пронајдена и евтаназирана.

Ким Тишенер од здружението „Bear Safety and More“ вели дека средбите со мечки се во пораст, бидејќи сѐ повеќе луѓе се движат надвор, но фаталните напади се ретки.

„Причината зошто гледаме сѐ повеќе напади е затоа што сѐ повеќе луѓе излегуваат во природа и не се едуцирани за мечките“, вели Тишенер додавајќи дека податоците покажуваат дека 14 отсто од нападите на гризли во светот резултираат со починати.

Контактите со мечките се почести наесен, бидејќи тие стануваат поактивни во потрагата по храна пред хибернација во студените зимски месеци.

Националниот парк Банф, кој привлекува повеќе од четири милиони туристи секоја година, е живеалиште и на гризли и на црни мечки.