Францускиот репрезентативен напаѓач на Барселона, Антоан Гризман, вели дека „многу добар со Меси и надвор од теренот“ и дека има желба да играат заедно долго време, и покрај нагаѓањата дека поради нетрпеливост со Аргентинецот, тој може да го напушти каталонскиот великан.
Во вторникот Гризман придонесе во победата на репрезентацијата на Франција над Хрватска со 4:2 во натпреварот од Лигата на нации, а тој беше стрелец на првиот гол за „триколорите“.
Говорејќи за неговиот клуб Барселона, тој во интервју за RTL M6 вели дека ова е тешка година за сите на стадионот „Камп Ноу“.
„Ова беше многу комплицирана сезона за сите и еве, ќе започнеме наскоро. Постојано ги слушам тие приказни за Меси, добро се сложуваме надвор од теренот. Во играта, исто е како со Килијан Мбапе. Отпрвин не можев да ги најдам вистинските додавања, ми требаше многу време да ги најдам. Исто е и со Лео, ќе дојде тоа“, вели Гризман.
Доаѓањето на холандскиот стратег Роналд Куман на клупата на Барса значи нов почеток за сите во екипата. Францускиот напаѓач вели дека има доверба во Холанѓанецот и верува во подобри резултати на тимот следната сезона.
Гизман, исто така, вели дека сака да остане во Каталонија долго време.
„ Овде е многу убаво. Знам дека имам доверба од тренерите и сите во клубот. Оттука, јас сум желен да ги видам моите колеги повторно, сакам да сториме сè за да освоиме трофеи затоа што ова беше неуспешна сезона за клубот. Помина долго време откако Барселона не освоила трофеј. Сакам да им помогнам на моите колеги и повторно да победуваме заедно“, заклучи Гризман