Кога од почетокот на јули оваа година од Американскиот републикански институт (ИРИ) објавија анкета, според која владејачката ВМРО-ДПМНЕ има предност од 23 одсто наспроти 11 отсто за СДСМ, пишував дека е тоа манипулација.
Целта беше едноставна – власта да биде „охрабрена“ да капитулира на 15 јули преку Договорот од Пржино. Таква елементарна, но успешна мамка, Американците ја користеја и во 2004 година, та преку признавање на Република Македонија под уставното име помина Законот за територијалната поделба со кој македонската држава практично го изгуби својот западен дел.
Вистина е дека и кон моментов ВМРО-ДПМНЕ има предност (некои тврдат за 23 во однос на 17), но во идните месеци таа предност се повеќе ќе се топи. Не за тоа што предавничката опозиција се стекнува со поголема доверба, туку затоа што владеачката партија чекори по нејзиниот пат. Како резултат од тоа дури традиционални членови на оваа партија се разочарани, да не зборуваме за симпатизерите. „Бомбите“ на Заев не го остварија политичкиот пресврт, но одлуките на власта им одат во прилог.
Со Договорот од Пржино ВМРО-ДПМНЕ, Владата и самиот Груевски си дадоа четири пати автогол:
Прво, ги изневерија своите приврзаници со одлуката за предвремени избори, иако добија легитимно право за цел мандат. Да се потсетиме дека од 2006 година до денес, владејачката партија не го заврши ниеднаш својот мандат. Тврдењето дека за тоа виновник е СДСМ, не е исправно, затоа што една партија добила власт преку парламентарни избори мора да ја контролира целосно состојбата во државата. Со сите можни дозволени средства.
Второ, ги изневерија своите приврзаници со одлуката за коалициона Влада. На тој начин ја изневерија и својата предизборна програма.
Трето, попуштањето за предвремени избори и коалициона Влада дојде во време кога сите македонски граѓани знаат дека опозицијата (СДСМ, соросоиди и другите странски платеници – невладини организции, медиуми) работи активно за разнебитувањето и уништувањто на македонската држава.
Четврто, сите македонски Влади во изминатите 24 години по осамостојувањето, се додворуваат на САД, ЕУ и нивните марионети. Но, во случајот видовме нешто пострашно дури и од капитулацијата во 2001 година со Рамковниот договор. Тогаш капитулацијата дојде преку војна, а сега доброволно се носат антимакеднски закони. Не се надополнува, а директно се крши Уставот т.е. државата практично се управува со странски амбасадори и претставници лузери од ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ и Владата мирно прифатија не само да соработуваат, но и да станат заложници на Заев, Шекеринска, Бејли, Гарет, Хан, Нуланд, Вајгл, Фејт, Прибе итн. црпнати фаци.
Сето тоа македонскиот народ го гледа. Гледа секојднево како странци и домашни политичари ја понижуваат државата. Како институциите кои имаат обврска да ги штитат неговите интереси си поигруваат со него. Македонците претставуваат 2/3 од граѓаните на Република Македонија, но според Уставот од 2001 г. таа не е „национална држава на Македонскиот народ“ туку збир од сурија од етнички заедници од кои практично Македонската е најпонижената . Затоа и продолжува масовното иселување на етничките Македонци.
Уште во 2009 год. пишував дека македонскиот народ може да истрпи многу – лоши управници, сиромаштија, дури корупција, но нема да трпи укинување на неговото неколкумилениумско име, идентитет и јазик. Нема да допушти да биде странец во сопствената држава, нема да стане слуга на разбеснети албански терористи и нивните поддржувачи. И од надвор и внатре. Главен адут на ВМРО-ДПМНЕ досега беше реалното или наводно бранење на македонскиот идентитет, на македонските интереси. Со повлекувањето од тој главен адут чекор по чекор, владеачката партија го затвора патот за својата иднина. И тоа што е поважно – ја кочи иднината на самата Македонска држава.
Што имаме денес?
Од една страна антимакедонска и антидржавна опозиција управувана од надвор. Од друга страна плачлива и колаборациониска власт која од глупост, незнаење и додворување сама се закопува. Од трета страна претенциозни партиски маргиналци со невидени амбиции и проститолок кои гледаат на власта со очи на криминалци. Заевштината добро знае дека нема квалитет дури и на општинско ниво. Но, таков квалитет не и è потребен затоа што ја одработува агендата за уништување на државата. Нејзините пропагандисти ја сфаќаат својата мизерија и кога плукаат врз премиерот, пишуваат: „Ерата на Груевизмот ќе заврши“, „Заврши ерата на Груевски“ итн. Не памтам (уште повеќе од опозиција) да е пишувано за „ера“ на Бранко, Љубчо, Бучковски, затоа што нивното управување беше само црна дупка во која истекоа ресурсите на Република Македонија.
По Груевски секако ќе останат многу позитивни нешта. Не само материјално изграденото кое е видливо за сите и ќе носи гордост на генерации по нас. Не помалку важен е концептот за македонската историја, македонскиот идентитет и континуитетот на тој идентитет. Во новата македонска историја никој пред тоа не беше конципирал македонската етногенеза, а многумина идиоти и моментално не се свесни за неа. Затоа што во Македонија секогаш имало истовремено неверојатни генијалци, неверојатни кретени и неверојатни изроди.
Со својот говор на омраза кон „ерата“ на Груевски опозициските кловнови го признаваат својот страв од него. Не од другите ВМРО-вски функционери, не од министрите во Владата, а само од Груевски. Затоа што како индивидуа тој нема конкуренција. Независно од помалите или поголемите негови грешки, независно од објавените „бомби“, независно што пишува скопената западна пропаганда. Може да се тврди дека неговиот рејтинг го одржува и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и не случајно домашните и странски активности се против него. За тоа мислам дека сите кои пишуваат за крај на „ерата“ на Груевски припаѓаат во категоријата неверојатни кретени. По што се надеваат дека таа ќе заврши ако биде симнат Груевски. Меѓутоа, да видиме какви се можните опции:
Прво, по капитулацијата од Пржино веќе формално владеачката ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да тоне. Од една страна за тоа што во Владата ќе бидат пикнати луѓе од таборот „гробари на Македонија“. Досега и без министри и заменик-министри од опозицијата, Владата беше немоќна пред нивните претензии, а сега ќе биде вистински хаос. Од друга страна со изборните попуштања пред петтоколонашите и странци, власта покажува директна неодговорност за државата. Врв во тој однос ќе биде ако на македонската дијаспора во светот и биде забрането да гласа и да има свои претставници во Собранието. Тука веќе неможе да има оправдувања и простувања. На тој начин, до април идната година рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и антимакедонската опозиција ќе се зближат, а тоа ќе даде можност за нови уцени и калкулации.
Второ, повлекувањето на Груевски од функцијата на почетокот од јануари е нож со две острици. Ако продолжи со попуштањето и виткавата политика, тоа навистина ќе биде неговиот политички крај. Истовремено во овие зимски месеци македонската драма ќе го достигне врвот. Заради проширениот хаос внатре во државата и од ескалацијата во меѓународните односи. Во најдобриот случај – од катаклизмот во бегалските бранови, во најлошиот – од воениот судир помеѓу САД и Русија. Тоа ќе биде последната шанса на Груевски да се покаже како македонски патриот и лидер и да се врати на големо не само во македонската политика. Но, за таа цел мора да го направи тоа што не го реализираа за 9 години.
Трето, мора добро да се сфати дека „ерата“ на Груевски не завршува со него, каква и да му биде неговата идна судбина. Затоа што неговото управување е почеток на самоосвестувањето на Македонците по поразите до 2004 година. Тоа е почеток на охрабреното македонско достоинство и спремност за борба. Ете зашто внатрешните и надворешни гробари на Македонија ќе бидат поразени. Во изминатите години тие порази беа само парламентарни. Во иднина гробарите ќе го видат другото лице на македонските патриоти спремни да војуваат за Татковината како во времето на фашистичката окупација. Тогаш не со зборови, не со медиумски сапуници, а на дело ќе видиме кој е кој. Тој што го отвори братоубиствениот судир, жална му мајка.