Во Србија функционира т.н гробарска мафија, пренесува „ Пинк“. На неколку гробишта во Белград се изнајмуваат и продаваат гробни места. Продажба на гробно место на „супер локација“ чини 40.000 евра.
Сопствениците ги продаваат овие парцели кои стојат празни или пак пред неколку децении биле погребани нивните претци. Купувачите не прашуваат за цена. Во гробовите тие не погребуваат мртовец туку тука складираат дрога како сигурна локација.
Исто така, наместо купување можно е да се изнајми гроб за истата намена а тоа чини 7.000 евра годишно.