Утринава православните гробишта во скопското село Брњарци повторно се сквернавени.
Вандали повеќе пати досега, ги демолираат надгробните споменици во ова етнички чисто населено место место, кое се наоѓа веднаш до село Арачиново.
Жителите на Брњарци, кои постојано живеат во притисок поради честите провокации од граѓани од албанско етничко потекло од непосредното опкружување, се чувствуваат револтирано, но и беспомошно поради никаквата заштита којашто им ја нуди државата и полициските безбедносни органи.
Слух за нивните проблеми нема ниту општината Гази Баба, во која припаѓа ова скопко село.
Жителите разочарани велат дека нема кому да се обратат, бидејќи локална власт како да има сосема заборавено дека ова место воопшто постои во границите на општината. А, конкретно за сквернавењето на гробиштата, досега секогаш била известувана полицијата, но, засега, ниту еден сторител не е откриен.