ГРОМ го поддржува семакедонскиот мирен протест за настаните од 27-ми април

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) го поддржува мирниот протест кој ќе се одржи на 25-ми април, а по повод 27-априлските настани од 2017 година

„ГРОМ и тогаш и сега осудува секаков вид насилие посебно насилието во парламентот, но најостро го осудува реваншизмот, селективниот пристап на обвинетите и осудените како и историски највисоките изречени затворски казни за луѓето коишто беа изманипулирани и се практично жртва на СДСМ“, се вели во соопштението на опозицската партија.

Според оцените на ГРО, „фактот дека по овој настан СДСМ воведе двојазичност, го смени името на државата, го дерогираше македонскиот идентитет и јазик и го смени Уставот, укажува дека осудените за тероризам не се бореле против уставниот поредок туку го штителе истиот“.

„СДСМ и Зоран Заев покрај промената на името, воведоа двојазичност и го исфрлија АСНОМ од Уставот и уште еднаш се потврди дека овие луѓе беа уставобранители а денешната власт уставонапаѓачи или агресори“, прецизираат од ГРОМ.

Поради сето тоа, ГРОМ го повикува своето членство и симпатизери на 25-ми април да излезе пред Владата во 11 часот и да даде поддршка на „уствобранителите“ и да побара слобода за нив.