Авионот од типот „Falcon“ со кој српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ летал за Љубљана, каде што учествува на Бледскиот стратешки форум, бил погоден од гром, но авионот безбедно слетал на љубљанскиот аеродрм Брник.
Како што пренсе Радио-телевизија на Србија (РТС), благодарејќи на присебноста на пилотот, авионот изминатата ноќ по ударот на громот сугирно слетал крај Љубљана, а шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ го продолжил патот кон Блед, каде што со другите политичари од регионот и светот учествува на годинешниот Стратешки форум.
Во прилогот на РТС се додава дека синоќа силно невреме ги погодило Словенија и Хрватска, каде што во интервал од само два часа се забележани повеќе од 20.000 молњи.
Се потсетува, исто така, дека ова не е прва кризна ситуација со авионот на српската влада. Кон крајот на мај над Грција истиот авион имал технички проблеми, и тогаш во него се наоѓал Дачиќ, а екипажот бил принуден итно да го спушти аионот во Атина и тоа во рок од 15 минути.