ГРОМ остана без пратеник, Љупчо Пренџов останува во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека ја прекинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ по 99 месеци, но и покрај тоа единствениот пратеник на ГРОМ, Љупчо Пренџов останува во коалицијата.

Одлуката на Јакимовски нема да влијае и на пратеникот кој потврди дека останува во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов кажа дека имал одлична соработка со ВМРО-ДПМНЕ и продолжува во мисијата за уривањето на актуелнта власта предводена од СДСМ и ДУИ.