Против Стевче Јакимовски се води хајка, за другите осомничени ќе кажат институциите дали има пропуст во нивното работење, велат од Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), партијат поранешниот градоначалникот на Општина Карпош.
Ова е политички монтиран случај поради јавното несогласување со политиките на власта. Сведоци сме на инструирана акција на оваа квислиншка власт. Се вршеше претрес во три објекти без присуство на адвокатот. Некој брза случајот да се спакува и процесира. За 24 часа треба цела документација да се разгледа. Јакимовски е и ќе остане еден од најдобрите градоначалници. Ова е хајка и монтиран процес врз него и партијата ГРОМ. Ние први не го поддржавме договорот со Грција, единствена парламенатрна партија сме која повика на бојкот. Ова нема да нè уплаши туку е мотив за да истраеме, вели Александар Трајановски од ГРОМ.
Финансиската полиција ги гони поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште четири лица за три јавни набавки, со образложение дека го оштетиле буџетот за петстотини и деведесет и пет илјади евра или 36.634.675 денари.