Гром предизвика пожар во струшко

Во саботата во 15.00 часот било пријавено дека во непосредна близина на локалниот пат Ливада-Делогожда-струшко, во штала сопственост на Џ.Ш. на 59 години од село Делогожда од удар на гром настанал пожар, при што истата била целосно опожарена.

Во внатрешноста на шталата имало 250 бали јонџа, потоа јачмен, пченица, жито и една приколка со трактор.

Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица-Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга