Околу 350 примероци антилопи од видот „саига“ се пронајдени мртви во степата на западот на Казахстан, а се претпоставува дека ги убил гром, објавија во петокот властите на оваа централноазиска земја.
Како што соопшти Светската организација за заштита на дивата природа (WWF), поморот се случил во време на окотувањето на саигите, антилопи кои се на листата критично загрозени видови, односно на работ на изумирање.
Според казахстанското министерство за екологија, геологија и природни ресурси најверојатно е причина за поморот е гром, „бидејќи на труповите на животните постојат траги од удар на гром“.
Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), чијашто „Црвена листа“ е научна референца за загрозаните животински или растителни видови, ги вброи саигите меѓу првите пет критично загрозени видови антилопи.
Препознатливи по своите закривени рогови и долгата округлеста челуст, саигите повеќепати беа на работ од изумирање. Нивното потекло датира од последното Големо ледено дона коешто започнало пред 115.000 до 110.000 години и завршило рпед околу 12.500 до 10.000 години.
Во текот на советскиот период саигите уживаа засилена заштита со целосна забрана за лов, а потоа од 1950-те години се вовеени многу строги квоти. Тогаш бројот на возрасни единки изнесувал повеќе од два милиони. Но со осамостојувањето на Казахстан во 1991 година дојде до невидена експлозија на ловокрадство, па саигите поворно дојдода до речиси целосно исчезнување како вид.
Денес во далекуисточните степи се проценува дека има околу 50.000 саиги, од тоа 90 отсто во Казахстана. Новниот опстанок најмногу го загрозуваат ловокрадсците поради роговите на мажјаците, кои се барани во кинеската традиционална медицина.