Гром удри во авионот со шпански фудбалски репрезентативци

Шпанската фудбалска репрезентација доживеа нов шок по завршувањето на учеството на Светското фудбалско првенство. При враќањето дома во авионот во кој патувале удрил гром, но за среќа повредени немало.

„Точно е дека на летото 2907 во авионот удри гром, но тој не беше оштетен, ниту пак имаше повредени патници, “ ијзави портпаролот на компанијата Иберија.

Шпанските фудбалери по овој шок излегле на споредниот влез, па 200 нивни фанови извисиле без да се сретнат со нив.