Викенд куќа била опожарена од удар на гром, вчера во скопското село Нова Брезница, информираше МВР.
Околу 21.50 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Т.Т. пријавил дека во селото од удар на гром целосно била опожарена викенд куќа сопственост на Б. В. (50) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Увид на местото ќе се врши во текот на денот.