Громови околу Манаки

И Битола вчера беше зафатена од силно невреме проследено со дожд и грмотевици, јавува Тв Тера. За среќа на целиот фестивал Браќа Манаки, дождот беше пред да започне церемонијата на црвениот тепих, со тоа филскиот гламур можеше да биде покажен во вистинското светло.

Откако гостите влегоа во Центарот за култура некаде после 21 часот, се случи големо невреме. Дожд и грмотевици повторно ја погодија Битола. Младиот фотографи Михаил Гаџовски точно во ова време 21:49:28 ја направи оваа фотографија.