Грозданов: СДСМ планира закон за нематеријална штета од едно евро за клевета и навреда

За да можеме да зборуваме за ситуацијата на ТВ Нова треба внимателно да се прочита програмата на тие што се обидуваат да дојдат до власт, рече во Отвореното студио на Телевизија Нова Виктор Грозданов, поранешен директор на Канал 5 Телевизија, и поранешен прв човек на Асоцијацијата на приватни медиуми.

-За да можете да зборувате за вашата ситуација треба да читате многу внимателно што имаат напишано господата коишто сакаат да бидат власт или во обид да добијат мандат. Во нивната програма пишува дека доколку дојдат на власт, ќе донесат закон за нематеријална штета од едно евро за клевета и навреда, вели Грозданов.

-Значи ако дојдат утре на власт, утре за Сеад Кочан ќе можат да извадат што сакаат, како сакаат и да дадат такви бомбастични најави, без проверка на факти. Тоа е смислено сѐ. Нема ништо случајно во целата оваа приказна, додаде Грозданов.