По одлуката за полициски час и неразумното однесување на власта во врска со пописот, низа на реакции по социјалните мрежи.
Реагираат најчесто докторите кои се зачудени од апсурдот на толкава бројка на новозаразени во 24 часа, на полициски час, пописот да се спроведува или на граѓаните дома да им се праќаат попишувачи.
„Неколку работи ме мачат во моментов. 1. Бројот на новозаразени оди кон четирицифрен! 2. Болничките капацитети се полнат! 3. Полициски час има (заострување на мерките!). 4. Колективен имунитет нема бидејќи ВАКЦИНИ нема“, пишува на својот Фејсбук статус доктор Николина Гроздановска, член на Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа забележува дека власта вели „се е под контрола “, попис МОРА да има со невакцинирани попишувачи!
„Ја замолувам власта да НЕ ја потценува интелегенцијата на македонскиот народ и да ПОЧНЕ да се грижи за нивното здравје и благосостојба, за што впрочем и е избрана!!!“, апелира докторката.