Грозоморни закани до новинарите од КУРИР

Редакцијата на КУРИР повторно е цел, а досега ниту еден ваков случај не е разрешен иако тоа било пријавено во полицијата, а на средби ги информиравме и претставниците на ЕУ и американската амбасада во Скопје, информираше во недалата порталот.

Со оглед на ова, ги пренесуваме јавно заканите кои ги добиваме од лицето кое на својот Фејсбук профил е потпишан како Триамира Николов.

„Освен на вработените во КУРИР, овој човек, посакува смрт и на нашите родители и на нашите деца! Ваквата тортура мора да престане, а надлежните бараме ИТНО и КОНЕЧНО да реагираат!“, реагираат од редакцијата.

Бараме сите надлежни институции, МВР, здруженијата на новинари ЗНМ и МАН, Хелсиншкиот комитет и меѓународните претставници соодветно да реагираат.

Ја прашуваме и власта: Дали е ова слободата на медиуми, заштитата на новинарите и демократијата за која со години од опозиција зборуваше?