Грците се песимисти во однос на развојот на економијата на земјата и очекуваат нивниот живот да се влоши, покажуваат податоците од истражувањето на агенција ГПО објавено од грчките весници.
Скоро три четвртини, 63 отсто од Грците велат дека нивниот живот ќе се влоши во наредните две до три години, а 15,6 отсто се оптимисти и се надеваат дека нивните животи ќе се подобрат, додека пак 19,9 отсто веруваат дека нивните животи ќе останат на исто ниво.
Во претходното истражување на истата агенција 59,1 отсто од анкетираните очекувале влошување, а 15,2 отсто подобрување на животот.
Дури 63,1 отсто очекуваат влошување на економијата (овој процент во претходното истражување беше 55,4 отсто), а 16 отсто се на мислење дека таа ќе остане на исто ниво (17,6 отсто во претходното истражување). Од испитаницита 19,7 отстосе надеваат дека економијата ќе се подобри, додека кај претходното истражување оптимистите биле значително повеќе, 24,5 отсто.
Повеќето Грци не ја делат тезата на министерот за финансии дека просечниот Грк не е натоварен толку многу со даноци. Дури 96,7 отсто сметаат дека просечниот Грк е прекумерно натоварен со даноци, додека едвај 3,1 отсто не се согласуваат.
Новиот имот данок 79,7 отсто го оценуваат како неправеден, а 12,8 отсто велат дека тој е праведен. Според 71,4 отсто од испитаниците сметаат дека економската политика на Владата не ги постигнува своите цели, додека 27,1 отсто ја одобруваат оваа политика.
Од испитаниците 70,1 отсто имаат негативно мислење за тактиката на главната опозициска партија, радикалната левица СИРИЗА, додека 27,5 отсто се однесуваат позитивно кон неа, а 48,4 отсто изјавиле дека во моментов имаат помалку доверба во партијата за која гласале на изборите пред една година.