Утре ќе се одржи централно претседателство во Гостивар каде претседателот Ахмети ќе претстави 18 кандидати за градоначалници за 18 општини. Очекуваме сите тие да бидат победници. Сите тие имиња се проверени на бројни анкети и ја имаат поддршката од сите граѓани во нивните општини, рече денеска Артан Груби на промоцијата на новата ипрватна инвестиција за реновирање на Бит пазар.
одговарајќи на новинарско прашање што мисли за кампањата на противничките политички партии Груби рече дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – АА-А е коалиција на поделби, не е коалиција на заедништво, коалиција на Скопје 2014, не Скопје заедничко наше.
-Едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијансата со цело свое срце, со цел тој ентузијазам, со цела таа љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, и обратно сите тие патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите тие кои што влегоа на 27 април во Собранието, сите што го поддржуваат Скопје 2014 ќе гласаат со големо убедување и цело срце за Зијадин Села и Алијансата. Едвај чекам да го видам 17 октомври, рече Груби.