Финансиската полиција треба да објасни на кои процени во денешната рација во скопското село Љуботен се телеми големото присуство на полицајци, бара пратеникот од владејачката ДУИ, Артан Груби.
Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.
Неколку медиуми објавија дека станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.
Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во интерес на истрагата не можат да споделат подетални информации.
Пратеникот Артан Груби преку својот фејсбук профил бара одговори од финансиската полиција.
Финансиската полиција треба да објасни и оправда врз основа на која проценка имаше потреба од толку големо и сериозно присуство на полицијата во Љуботен. Спектаклите и демонстрацијата на сила се често непотребно и контраефективни дури и во случаеви кога постои сомнеж за злоупотреба која што треба да се санционира пропорционално доколку се утврди, напиша тој.