Днеска одредени медиуми го обвинија пратеникот од ДУИ, Артан Груби, дека му давал инструкции на Талат Џафери да ја прекине седницата за гласање за одземање на имунитетот, по што се јави и Груби со краток коментар потенцирајќи дека барал прекинување на седницата бидејќи пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири вербално го нападнал Талат Џафери.
Не е точно дека сум дал сигнал да се прекине седницата, само давав сугестии да се прекине говорот на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ за да стигнеме на време да гласаме, но потоа разбрав дека Мухамед Зекири лично го навредил спикерот Џафери што е сепак недозволиво, непотребно се прават тензии, ќе стигневме на време да гласаме за имунитетот, но ВМРО ДПМНЕ пак правеше сопки, многу се испраксирани за тоа, за жал деловникот им го дозволува тоа, вели Груби. Да сакавме ние Трајко да го спасуваме немаше да се појавиме сите во собрание во ниедно време па дури и лидерот на ДУИ беше на седница, значи обезбедивме кворувм и се, но сепак некои не додржаа со нервите и се случи тоа што се случи, кажа тој.
Претходно, потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на својот фејсбук профил напиша дека Талат Џафери и ДУИ се обиделе да го спасат Трајко Велјаноски нивниот побратим, поставувајќи прашање дали ова го направија за некогаш и ВМРО да си спаси нив.