Груби бил приватно во Косово – ќе се врател по завршување на обврските

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби соопшти дека е во приватна посета во Косово, откако вчера на социјалните мрежи се појави информацијата дека тој избегал од Македонија.

Груби преку социјалните мрежи побара од јавноста да не создава шпекулации околу неговото патување.

„Почитувани, денеска патував во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате“, пишува Груби, додавајќи дека патувал со своите редовни патни исправи и дека за неговото патување е информирано личното полициско обезбедување.

Тој додава дека по завршување на обврските во Косово, ќе се врати дома кај своето семејство.

Вчера дел од медиумите објавија дека Груби избегал во Косово.

Неодамна, поранешниот вицепремиер се најде на црната листа на САД бидејќи како што наведоа оттаму земал поткуп за судски случај.