Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави фотографија со министерот за надворешни работи и кандидат за претседател од ДУИ, Бујар Османи.
Тој вели дека Бујар се докажал на локална и меѓународна сцена и учествувал во битката против Русија, како и бил дел од тимот за промена на Уставот, влез во НАТО и почеток на преговори за членство во Европската Унија.
„Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на времето и следната битка да ја добиеме вашата доверба за избор на претседател во Собранието со мнозинство од две третини од гласовите и со Бадентер да ја реализираме нашата визија за консензуален претседател. НЕ КОН РУСИЈА, ТУКУ КОН ЕВРОПА“, додаде Груби.