Груби е посочен за организатор на настанот во МНТ и ќе треба да ја плати штетата, а Заев и Ахмети со различни видувања

Од МНТ велат велат дека на 22 овој месец беа одржани два настани од кои првиот поминал во најдобар ред а во организација на Министерството за политички систем, додека за вториот настан било најавено дека организатор е пратеникот на ДУИ Артан Груби.

Откако Али Ахмети вчера рече дека нема ништо спорно што навивачката група „Шверцери“ прославувале во МНТ и дека немало вандализам. Само неколку часа од пратеничката говорница колаициониот партнер и претседател на Владата, Зорам Заев, на пратеничко прашање рече дека на настанот во МНТ е направена не само материјална штета, туку и духовна. Рече дека веќе е направен записник од работната група во кое се наведува дека се откорнати тапацири на потпирачи на столици, на ногарки на столици, орнаменти, скршени светилки како и други штети.

Овој одговор на Заев беше на пратеничко прашање на Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ која праша кој е организатор и кој е потпишан на договорот со МНТ за закупување на просторот.

Да потсетиме дека во петокот на одбележувањето на Денот на албанската азбука во МНТ присуствуваше и премиерот Зоран Заев, но по овој настан имаше и одбележување на годишнина од формирањето на навивачката група Шверцери, за кое во јавноста имаше обвинувања дека имало дивеење и кршење на инвентарот на театарот.