Груби e за отворање на границата меѓу Македонија и Косово без ПЦР тестови за граѓаните

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби се сретна со министерот за здравство на Косово, Арменд Земај, со кого разговарале за состојбата со епидемијата на Ковид-19 во Македонија и Косово, како и за најдобрите и најефикасните начини за справување со неа.

Како што соопштија од Кабинетот на Груби, тие двакца зборувале и за важноста од отворањето на граничните премини меѓу Македонија и Косово, одлука која ќе им помогне на економиите на двете земји.

На средбата, Груби истакнал дека тој лично е за отворање на сите гранични премини, заради слободното движење и истото да се спроведе според моделот што го користат Албанија и Косово, преку слободно движење без да се бараат ПЦР тестови.

Груби му ги пренел своите честитки на министерот Земај за постигнатиот договор во Вашингтон меѓу Косово и Србија и истакнал дека косовските институции можат да го следат примерот на Македонија, конкретно Договорот од Преспа.

Според Груби, смелите одлуки и носат на земјата само добри работи и многу пријатели.