Груби ги прикрива коруптивните скандали со присуство на амбасадорката на САД, велат опозициските партии на Албанците во Македонија

 Во гостиварско Бањица, каде пред четири дена одекна првата експлозија којашто ги означи градежните активности за делницата Гостивар-Кичево во рамките на Коридорот 8, во саботата опозициските партии Алтернатива, Движењето БЕСА и Демократско Движење денеска заеднички реагираат затоа што, како што велат не можат да молчат кога за неодамнешните случаи и случувања каде што корупцијата и конфликтот на интереси дишат слободно.

Велат дека се среќни поради изградбата на коридорите 8 и 10д, но не можат да молчат кога Артан Груби и ДУИ ја злоупотребуваат својата моќ, произведувајќи и прикривајќи нови корупциски скандали, само за да имаат корист од секоја страна.

Трите партии велат дека Артан Груби „ја злоупотребува својата улога за да го персонализира успехот, како да не е доволен фактот што има конфликт на интереси среде проектот, со оглед на тоа што компаниите ЕУРОВИА и АК ИНВЕСТ се главните и најголемите донатори на ДУИ, дури и го злоупотребува присуството на амбасадорот за да прикрие вакви корупциски скандали“.

Тие тврдат дека Груби го злоупотребува присуството на американската амбасадорка Анџела Агелер за да покрие партиски донатори на ДУИ и прашуваат колку милиони државни пари ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“, а колку од тие средства ќе се слеат на сметката на ДУИ, и колку во џебовите на некои клиентелисти инсталирани околу Али Ахмети?