Груби и Јазбец разговараа за реформите и евроинтеграциите

Денеска во Собранието на Република на Македонија, претседателот на собраниската комисија за европски прашања, пратеникот Артан Груби, се сретна со амбасадорот на Словенија во Скопје, Милан Јазбец.

Груби и Јазбец разговараа околу актуелните политички случувања во земјата, работата на Собранието, како и за активностите на комисијата за европски прашања во врска со усвојувањето на предвидените реформи од страна на Европската комисија.

Пратеникот Груби го информира Јазец за активностите во Собранието, за првата седница на Комисијата за европски прашања на 28 јуни како и намерите за инклузивен пристап кон сите партии заедно со граѓанското општество и медиумите во дискусиите за реформските закони.

Пратеникот Груби и амбасадорот Јазбец, исто така, разговараа и за евро-атланската интеграција, меѓусоседските односи како и целосно спороведување на Охридскиот рамковен договор во согласност со Уставот на земјата во однос на јазичната еднаквост.