Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Владата на Груби и Ковачевски ја злоупотребуваат Европската Унија за да ги оправдаат своите криминали. Редат европско знаме на измени на закони кои немаат никаква врска со европските вредности. Уште еднаш се покажа дека устата им е полна со европска интеграција кога сакаат да крадат од граѓаните. Тоа е врвот на нивното лицемерие. Џабе ги редат европските знамиња, кога длабоко во себе се целосна спротивност на европските принципи и вредности.
Измените на законите кои се поврзани со изградбата на коридорите немаат ништо заедничко ниту со евроинтеграцијата, ниту со европското законодавство, ниту со европските принципи, а Груби и Ковачевски на тоа ставаат европско знаменце за да шверцерски ги протнат во Собранието.
Зарем изедначување на легални и нелегални градби, зарем зголемувањето на работните часови во една недела, зарем исплатата на стотици милиони евра на уште не почната градба, се европски вредности?!
Се распрсна како меур од сапуница декларативното фалење на оваа власт дека се некаков европски фронт. СДС и ДУИ се само обичен криминален фронт кој ги осиромашува граѓаните, кој ја доведува во подредена ситуација Македонија и кој го суспендира македонското право. Тие се единствениот субјект кој ја загрозува иднината на Македонија.
За злоупотребите, за газењето на демократијата и за криминалот, Груби, Ковачевски и нивната банда ќе одговараат. Оваа антиевропска и антимакедонска власт ќе биде поразена од народот во Македонија и потоа ќе следи одговорност и казни.