Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител откри дел од договорот кој што Димитар Ковачевски и Артан Груби го потпишале со Бехтел, укажувајќи дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра.
Еве да дадам еден пример, и ова ексклузивно ќе оди за јавноста. Многу се зборуваше за зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа. Но што предвидува договорот кој што го има потпишано Артан Груби со Бехтел и Енка, вели: Доколку во рок од 45 дена по потпишување на договорот не се зголеми работната недела, значи владата во име на собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, собранието ја бира владата, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида, изјави Николоски.
Прво, еднократно државата ќе исплати на Бехтел 53 милиони евра пенали, потоа секој месец ќе доплаќа по 1 милион и 265 илјади евра на постојните трошоци кои што треба да се платат во договорот, или вкупно месечно 4 милиони и 185 илјади евра и трето на ова дополнително уште 900 илјади евра секој месец. Значи еднократно 53 милиони евра, и секој месец за промена на работното време од 40 на 60 часа. Значи доколку не се зголеми работното време од 40 на 60 часа неделно, Македонија ќе треба да плати еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра пенали. Или еднократно 53 милиони евра и секој месец по 2 милиони 165 илјади евра во време траење на договорот, а договорот е дека автопатите треба да се завршат за 5 години.
Николовски додаде дека владата се обврзала дека на секоја делница ќе дава по 6 месеци рок на изведба, укажувајќи дека доколку има 5 делници ќе бидат потребни 7 и пол години.
И второ доколку ова не помине, се обврзале дека на секоја делница ќе даваат по дополнителни 6 месеци рок на изведба. Така што тие 5 години кои што беа споменувани дека ќе се завршат доколку има 5 делници тоа значи дека ќе бидат 7 и пол години., објасни Николоски.
Потпретседателот Николоски ги повика Груби и Ковачевски да одговорат дали ова е точно, бидејќи не го објавуваат договорот кој што го склучиле и потпишале.
Ова го споделувам вечерва, па нека одговорат дали е точно или не е точно, затоа што не го објавуваат договорот кој што го склучија и потпишаа, ги повика Николоски.