Вицепремиерот Артан Груби изгледа не се навреди од зборовите што му ги упати сопартиецот Невзат Бејта, кој во интервју за емисијата на Алсат, го нарече Груби тенеќе. „Бејта ми е сопартиец. Му посакувам добро здравје, нему и на неговото семејство, се најдобро“, изјави Груби за весникот Лајм.
Тој ги отфрли гласините дека се обидува да го преземе кормилото на ДУИ по заминувањето на Али Ахмети.
Груби во изјава за Лајм рече дека нема такви амбиции. На прашањето дали Ахмети побарал оставка од него, како што бараат членовите на т.н. „Огнена група“ во ДУИ, Груби вели дека последниот збор го има партискиот лидер, кој „кажал сѐ“.
Ахмети вчера им порача на „огнените“, предводени од актуелните градоначалници на Чаир и Сарај, Изет Меџити и Блерим Беџети дека нема намера да го смени Груби.