Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, кажа дека според неговите информации поранешниот вицепремиер Артан Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.
И по поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, МВР распиша меѓународна потерница за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија.
„Со самото бегство ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но мислам дека денеска, утре или задутре сепак ќе се соочи со правдата“, рече Меџити.
Тој додава дека „должност на органите на прогонот е да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата“, нагласувајќи дека „Европскиот фронт ја пополнува американската црна листа“.