Освен воведување на целосна двојазичност на територијата на Македонија и изедначување на албанскиот со македонскиот јазик, платформата предвидува и „Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“
За планот за промена на името говореше и сдсмовскиот идеолог Љубомир Фрчкоски пред неколку дена во „Топ Тема“ на Телма. Фрчкоски истакна дека оваа година е потребен влез во НАТО и затоа мора нешто да се направи по прашањето за името.
Со американските партнери ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе не дигне на едно ново ниво. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин ќе има шанса, ќе се постави на маса тоа и треба таа шанса да ја грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, вели Фрчковски.
Со ова Фрчковски практично го открива и вториот дел од планот на Зоран Заев кој покрај воведување на двојазичност и федерализација на Македонија, планира да го промени и името на државата.
Интеграција во Европската Унија и НАТО се бара и во Платформата на албанските партии потпишана во Тирана, но без да биде прецизирано како Република Македонија би станала дел од Унијата. Прашањето за името односно неговото решавање, исто така се споменува во Платформата, при што се бара вклучување на Албанците во директните преговори во Грција.
Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, стои во Платформата на албанските партии.
Дел од барањата во албанската платформа се и менување на државните симболи, односно отворање дијалог и дебата за нивна смена. Дека платформата од Тирана ќе се реализира во фази потврди и коалицискиот партнер на Заев, Тито Петковски, кој потврдува дека ќе отпочне процес на промена на химната, знамето и грбот.
Петковски при гостувањето во дебатна емисија на Телевизија 24 запрашан дали нему нема да му пречи да има промена на химната, промена на симболи, на знаме, на државен грб, односно што е се испреговарано, лидерот на НСДП вели дека тоа не било тема која што е услов да се потпишел договорот за коалицирање.
Прво, тоа не е тема кое што е услов да се потпише договорот за коалицирање. Тоа се прашања за кои ќе се отвори дебата. Експерти, научници политички партии итн. Од земјата од странство ќе седнат ќе дебатират што е она што ги разделува етничките заедници, што е она што може да ги зближи значи го бараме мостот кој што ќе не поврзува, рече Петковски.
Меѓу другото, во албанската платформа се бара и „Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.