Груби потврди дека Адеми ќе биде заменик-министер за образование, Алијансата не била задоволна од понуденото

Заменик-министер за образование и наука ќе биде Арбр Адеми, а на Алијансата на Албанците ѝ е понудено да ги предводи реформите, но, за жал, се бара нешто друго што не е дел од владината програма, изјави во вторникот Артан Груби од ДУИ.

Одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на конференцијата „Патот понатаму на Република Македонија“, Груби истакна дека според ДУИ „затворено е сѐ што се однесува до составот на Владата“.

„Ситуацијата е решена, парламентарното мнозинство е стабилно и без и со партијата на Зијадин Села“, истакнан Груби.