![LIK_2650](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/LIK_2650.jpg?resize=640%2C423&ssl=1)
Плитичката ситуација во земјата и во регионот, системските реформи како и евро-атланската интеграција на Македонија., беа темите на средбата којашто пратеникот од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Артан Груби, ја имаше во вторникот во македонското Собрание се срета со амбасадорот на Албанија во Скопје, Фатос Река.
Пратеникот Груби му честиташе на амбасадорот Река за доброто спроведување на парламентарните избори во Албанија и изрази уверување дека, од овој момент, Тирана веќе може да очекува добивање на датум за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија, а во овој контекст, изрази очекување и дека на крајот на оваа година, официјален Брисел ќе ја врати безусловената препорака за Македонија.
Амбасадорот Река ја нагласи целосната поддршка за интегративните аспирации на Македонија и како сосед, членка на НАТО, ќе го поддржи патот на Скопје кон Брисел.
Пратеникот Груби, исто така, зборуваше и за активностите во Собранието, како и околу обврските на Комисијата за европски прашања во насока на итно решавање на реформите.
Во овој поглед, Груби изрази задоволство дека Комисијата едногласно и со целосна согласност го усвои Заклучокот, Собранието да донесе Декларација за забрзување на реформските и интегративните процеси за членство на Македонија во Европската Унија што претставува столб и почетна точка на реформите.
Груби и Амбасадорот Река разговараа и околу меѓусоседските односи и за целосно спроведување на Охридскиот Договор во согласност со Уставот на земјата во однос на јазична еднаквост.