Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон.
„Амбасадорката Бенгтсон и соопшти на вицепремиерот Груби дека Кралството Шведска е вистински поддржувач на Република Македонија и дека пријателството воспоставено со текот на годините меѓу двете земји ќе продолжи да се продлабочува.
Бенгтсон исто така рече дека Шведска ќе продолжи да биде силен партнер за кохезијата на земјата и силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата кон Европската Унија.
Груби пред шведската амбасадорка рече дека тој, како прв вицепремиер и Министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, ќе се ангажира со сите капацитети со цел да се одржи кохезијата во владата.
За време на средбата со шведската амбасадорка, Груби не остави без да ја спомене важноста на Охридскиот договор, оценувајќи го како единствен договор кој што е во функција на сите заедници кои што живеат во Северна Македонија и пример за надминување на проблемите и во други земји во регионот но и пошироко.
Вицепремиерот Груби исто така рече дека тој и неговиот тим ќе го направат невозможното за да институциите во Република Македонија да ја извршуваат својата работа без политичка инфлуенција и во овој случај да се овозможи законот да преовладува на најдемократски можен начин, да се засили борбата против корупцијата, не заборавајќи го и економскиот развој.
Владеењето на правото и неселективната правда се предуслови за институционален кредибилитет и економски развој.
Бенгтсон и Груби за време на денешната средба, разговараа и за други прашања во земјата, како и за други случувања со кои се соочува регионот“, информираат од прес-службата на Груби.