Сите знаат дека тоа што ќе го науми ДУИ тоа и ќе го оствари посочи пратеникот Артан Груби во своето гостување во вестите на телевизја Сител говорејќи за најавата на Ахмети дека на следните избори Македонија ќе го добие првиот Албанец премиер. Тој истакна дека ниту Зоран Заев не победи на изборите во 2016-та година, но ДУИ му помогна консензуално да седне во премиерската фотелја и токму поради оваа причина е убеден дека Македонија ќе има Албанец премиер.
-Тоа што ќе го вети тоа и ќе го оствари. Тоа го знаат и граѓаните Македонци, Албанци и сите други во нашата држава. Знаете првиот претседател на Собрание Албанец во нашата држава ги немаше потребните 61 глас само од страна на ДУИ туку мораше консензуално да се донесе одлука за да поддржиме личност како господинот Џафери за претседател на Собранието. Исто така господинот Зоран Заев не ги победи изборите во 2016-та година туку имаше 49 пратеници и мораше да направи консензус со другите политички партии за да го добие мандатот за претседател на Владата на Република Македонија. Затоа со консензуалната политика која што ја наметнавме при претседателските избори и при локалните последните избори сметаме дека таа консензуалност ќе надвладее и ќе успееме да имаме прв Албанец премиер на Република Македонија, вели Груби