Груби во Мала Речица стaсал со службено возило, кое не смее да го користи за приватни или партиски цели

Вицепремиерот Артан Груби вчера во Мала Речица на состанокот на ДУИ направил грешка што може да го чини најмалку 6 месеци а најмногу 5 години затвор.

Од видеото што го објави ТВ21 се гледа дека Груби на шестчасовната консултативна средба пред денешното претседателство на партијата каде ќе се бира ново раководство дошол и заминува со службено владино возило.

Во видеото јасно се гледа како Груби бегајќи од изјава за новинарите влегува во луксузното владино возило кое не смее да го користи за приватни или партиски цели.