Груевски се сретна со членовите на Специјалната Олимпијада

Груевки се сретна со членовите на Специјалната Олимпијада
Груевки се сретна со членовите на Специјалната Олимпијада

Премиерот Никола Груевски денес оствари средба со членовите на Специјалната Олимпијада, кои земаа учество на последните Летни олимписки игри што се одржаа во Соединетите Американски Држави.

Членовите од Специјалната Олимпијада Македонија од 25. јули до 2. авуст учествуваа на ЛОИ во Лос Анџелес и освоија десет медали.

Членовите на Специјалната олимпијада се натпреваруваа во атлетика, пливање, пинг-понг и јунифајд кошарка. Медали во атлетика освоија: Јулијана Петровска – злато на 100 метри, Ајвази Себат – сребро 200 и 400 метри, Албан Бајрамовски – сребро на 400 метри. Во пливање Марио Мицковски – злато 25 метри слободен стил, Стефан Трпковски – бронза 25 метри слободен стил, Јована Павловиќ – бронза 50 метри пливање слободен стил. Во пинг-понг Фатиме Бељур и Давид Стојановски освоија бронза, а тимот во кошарка, унифајт тим – сребро.

olimpijada1
Јулијана Петровска освои златен медал во атлетика

На Игрите во Лос Анџелес учествуваа 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји и се натпреваруваа во 25 Олимписки спортови.

Државна видеолотарија со донација за Специјална Олимпијада Македонија

Државна видеолотарија на Република Македонија  во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, продолжи во своите настојувања да ги потпомогне оние кои имаат потреба од поддршка, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството.

Со донација ги охрабривме членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик- учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, соопштуваат од Државна видеолотарија.

Овој настан е прилика нашата екипа да ја развие својата физичка кондиција, да се радува и забавува, но и да го почувствува натпреварувачкиот дух, а тоа веруваме дека ќе има позитивен одраз врз секој поединец, член на оваа екипа. Токму затоа, тимот на Државна видолотарија на РМ на сите членови на Специјална Олимпијада Македонија им посакува успех во реализацијата на оваа убава мисија, велат од Државна видеолотарија.

Оваа година Специјалната Олимпијада Македонија учествуваше на Летните Олимписки игри во САД со делегација најголема во историјата на Македонија. Учество земјаа 18 атлети кои се натпреваруваа во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг-понг, атлетика и јунифајд кошарка(тим составен од регуларна популација и лица со интелектуална попреченост во развојот), 5 тренери и 3 делегати, вкупно 26 лица.