Вечерва во емисијата „Што не е јасно“, проф. д-р. Симона Груевска Маџовска посочи дека поради остварување на политички интереси страдаат државните интереси, достоинството на граѓаните и државата се руши, посочувајќи го нападот од Бугарија кон македонскиот јазик.
Груевска Маџовска образложи дека не владее правото во Македонија. Се нема институции кои ќе застанат и ќе реагираат на било какво прекршување на законот. И се ставени во многу лоша ситуација бидејќи секоја држава како прво треба да си ги почитува научниците и да ги слуша кога нешто укажуваат. Груевска Маџовска потсети дека поради исполнување на некои свои или политички интереси страдаат државните интереси, државата страда, достоинството на граѓаните паѓа, посочувајќи го најновиот напад од Бугарија за македонскиот јазик.
„Со тие напади прво да речам од бугарска страна, ние ја губиме самодовербата на некој начин. Така да очекуваме дека нешто ќе се смени, дека конечно политичките елити ќе направат нешто околу тоа, така што да видиме како ќе се одвиваат нештата во иднина“, рече Груевска Маџовска.
„И покрај тоа што го сменивме името не добивме датум за преговори со ЕУ. Експресно секаде е сменето името на државата. И сега што да очекуваме ние? Веќе гледаме и ако се укажуваше на тоа дека не е добра таа формулација дека потоа ќе станеме Северномакедонци и јазикот ќе ни стане северномакедонски, не може секој да навлегува во тоа во името на државата е едно, па јазикот, па народот како се вика, па ова, она. Значи дури гледаме дека и намерно иако знаат дека сме Македонци и дека јазикот ни е македонски слушаме Северномакедонци, нашиот северен сосед имаше нешто такво“, истакна Груевска Маџовска.