Груевски 10 пати ја намали отштетата што ја бара од Заев

Со оглед на фактот што тужителот со дејствувањата и тврдењата на другата страна претрпел штета на углед и чест, која е ненадоместлива и не може да се изрази во пари, износот кој го бараме го намалуваме за 10 пати.

Ова го истакна адвокатот на премиерот Груевски, Никола Додевски, денеска пред судот.

-Не постои сума која ќе ги надомести последиците и чувствата кои ваквите клевети му ги нанесоа на тужителот. Главен мотив на тужителот е докажување дека тужениот изнел груби невистини со намера нарушување на угледот и честа и дека во никој случај намерата не е да добие материјална надомест, истакна адвокатот на Груевски.

Тие извршија намалување на барањето за отштета од 31 милион денари на 3,1 милион денари.