Ако Заев има барем ронка доверба во себе и во својата политика, го повикувам да распише предвремени градоначалнички избори во Струмица оваа есен, особено после онаа видео снимка на која отворено и срамно бара мито од бизнисмени раскажува како тоа таков бил редот за земање арач од сите, за работи кои се обврски на општината да ги заврши на секој еден граѓанин или бизнисмен, рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање на годишната конференција на УМС на ВМРО – ДПМНЕ.
– Замислете таков човек за премиер!? Истото ќе почне да го прави со сите домашни и странски компании, кои една по една ќе почнат да се повлекуваат, и да ги затвораат новоотворените работни места.Независно дали тој или некој друг од овој тим ќе биде премиер, а самиот Заев шеф на партијата. Бидејки моќта секој еден политичар ја црпи од партијата, за која народот се произнесува на избори. И гледам пред некој ден, објавиле дека преку давањето на субвенции на земјоделците власта го купувала и тој Иво од кого Заев најбезобазно бараше мито за себе и за брат му. А да го прашам јас од оваа говорница: владата дава субвенции и на неговите фирми кои произведуваат корнишони. Да не го поткупивме ние и Заев со субвенциите што ги зема за да работи за ВМРО и да снима риалити шоу за земање мито и личен данок од бизнисмените, за чисто онака да ни учини. И онака самиот изјави дека богаството го направил во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.
Груевски запраш дали јавноста се сеќава кога овој човек говореше дека се плашел дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му пуштела човек на јавно место да му тутнел пари во скутот, за потоа да можеле да го уапсат.
-И потоа следуваше снимката на која лично тој бара мито и раскажува дека воспоставил систем за земање на митото, кој систем повеќемина кои ги наброи веќе го испочитувале. Очигледно, кој си ја има мувата на капата, си ја ишка.Или на заменичката негова да не и тутне некој пари за кириите во становите каде живее, рече Груевски.