Груевски: Без оглед на временските услови, санацијата во Порој продолжува

Груевски: Без оглед на временските услови, санацијата во Порој продолжува
Груевски: Без оглед на временските услови, санацијата во Порој продолжува

Премиерот Никола Груевски денеска го посети селото Порој во општина Теарце и направи увид во санацијата на оштетените објекти од невремето што на почетокот на август го зафати овој крај, објави МИА.

Како што посочи, без оглед на временските услови планираните активности за санација ќе продолжат согласно предвидената динамика.

Жителите изразија благодарност до Владата за навремената реакција и потенцираа дека без брзата интервенција од страна на надлежните институции тешко би се санирале последиците од невремето.

Поради големото оштетување се очекува градежните активности да продолжат во следните два до три месеца. Се расчистува коритото на Поројска Река, која во невремето го имаше затрупано мостот кој го поврзува Порој со Тетово.

Груевски оствари средба и со жителите на месната заедница на Порој кои се интересираа за чистење на коритото на реката. Премиерот истакна дека во моментот активно се работи на нејзино расчистување, а се работи и на санација на двата моста за што активно е вклучена и градежната оператива. Ќе се уредува и реката за што обврска презема Општина Тетово откако ќе биде исчистено речното корито.

Планирано е премиерот Груевски да присуствува и на поставување камен-темелник за изградба на локален пат во Непроштено, а ќе ја пушти во употреба и спортската сала изградена во Државниот универзитет во Тетово.

 

Прочитајте повеќе:

Груевски: мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места

„Курир“: Додека Груевски на терен се среќава со граѓаните, СДСМ на интернет чита за селата